Објавена видео снимка од воздух од уништениот Мариупол

На социјалните мрежи се појави видео од разурнатиот украински град Мариупол, снимено со дрон.

Видео снимката ја објави Бахти Нишанов, кој работи за Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

– Избегнував да ги објавам уништувањата во Украина, но руското уништување на Мариупол мора да биде објавено. Деведесет проценти од градот е исчезнат. Полскиот претседател Дуда вели дека изгледа како Варшава во 1944 година и во право е, напиша Нишанов на Твитер.

https://twitter.com/b_nishanov/status/1506630965766070272
]]>

Најчитани вести