„Зелената такса“ не влегува во земјоделскиот сектор, напротив ние за земјоделците имаме „Зелена нафта“ – изјави вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, одговарајќи на прашање во емисија на Канал 5 телевизија.
„Ние субвенционираме нафта за земјоделците и тоа почнавме со 30 %, па годинава ќе биде 50% а до крајот на манадот планираме сто проценти државата да ја плаќа нафтата. Повикот за „Зелена нафта“ се очекува за кратко време да го објави Платежната агенција. И без разлика на оваа „зелена такса“ ние со мерките на делот на зголемување на субвенциите и зелената нафта правиме се земјоделците да бидат во добивка“ – рече Хоџа.