Со овој чекор, компанијата станува првиот правен субјект од нефинасиски сегмент на националната економија која издава долгорочни хартии од вредност-корпоративна обврзница.
Осигурително брокерско друштво СН Осигурителен брокер АД Битола е основано со дозвола на Агенција за супервизија УП 07-2-1044 од 13.10.2014 година и континуирано е лидер во дејноста според сите официјални стандардизирани мерливи параметри за овој сектор.
Со одлука на Собрание на акционери на Осигурително брокерско друштво СН Осигурителен брокер АД Битола број 02-300/20 од 10.05.2021 година Друштвото одлучува за издавање на долгорочни долнички хартии од вредност-корпоративни обврзници I-ва емисија на корпоративни обврзници.
Со одлука на Комисија за хартии од вредност број УП 1 10-84 од 09.08.2021 година, на Осигурително брокерско друштво СН Осигурителен брокер АД Битола му е издадена дозвола за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност-корпоративни обврзници I-ва емисија на корпоративни обврзници.
Одобрената емисија има вредност од 80.000.000.оо МКД поделена на 8000 долгорочни хартии од вредност со номинална вредност од 10.000.оо МКД по лот.
Продажбата ќе се врши по пат на јавна понуда преку Македонска Берза АД Скопје, согласно Правилата за тргување на Македонска Берза АД Скопје, Анекс 3 според моделот на фиксна цена со давање приоритет на налози со порано време на внес во БЕСТ системот.
Датум на започнување на рокот за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност-корпоративни обврзници I-ва емисија на корпоративни обврзници е 26.08.2021 година.
Датум на започнување на рокот за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност-корпоративни обврзници I-ва емисија на корпоративни обврзници е 26.02.2022 година.
Запишувањето на долгорочни должнички хартии од вредност-корпоративни обврзници I-ва емисија на корпоративни обврзници се смета за успешно завршено ако во рокот од шест месеци најмалку 60% од понудените долгорочни должнички хартии од вредност се запишани и уплатени.

Менаџментот и сопствениците на СН Осигурителен брокер АД Битола, ги повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица преку содржината на јавните објави кои содржат и интегрален текст на Проспектот и Поканата за издавање на хартии од вредност да се информираат за можностите кои ги нуди оваа финансиско-правна операција.
Сите потенцијални купувачи на издадените хартии од вредност имаат можност за купување на хартиите од вредност преку овластените брокерски куќи и деловни банки во Република Северна Македонија поместени и во содржината на Проспектот и Поканата за издавање на хартиите од вредност.
Компанијата, за непосреден, стручен и професионален одговор на сите евентуални дополнителни прашања на темата, за сите заинтересирани, на располагање го става и својот Заменик на Директорот за финасии, г-дин Деан Стојановски, преку неговиот телефон: 070/730-437 и интернет адреса: dean.stojanovski@snbroker.mk
]]>


