Во последните 24 часа од КОВИД-19 починале 29 пациенти, регистрирани се 1.166 нови случаи

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 6.458 тестирањe, а регистрирани се 1.166 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 375

• Тетово – 159

• Гостивар – 105

• Струмица – 76

• Струга – 75

• Охрид – 53

• Куманово – 44

• Кичево – 43

• Штип – 24

• Кавадарци – 23

• Велес – 22

• Кочани – 18

• Битола и Свети Николе – по 17

• Радовиш – 16

• Прилеп – 14

• Дебар – 12

• Ресен и Пробиштип – по 11

• Гевгелија – 10

• Крива Паланка – 8

• Неготино – 6

• Крушево и Македонски Брод – по 5

• Делчево и Валандово – по 4

• Берово и Виница – по 3

• Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1

Пријавени се 29 починати лица: 6 починати лица од Тетово (37г,42г,57г,64г,73г, и 81г), 5 починати лица од Струга (64г,67г,70г,76г и 77г), 4 лица од Скопје (47г,55г,69г и 79г), по 3 лица од Гостивар (54г,71г и 81г), Куманово (52г,63г и 80г) и Струмица (66г,74г и 82г), по едно починато лице од Кичево (80г), Битола (57г), Велес (54г), Македонска Каменица (58г) и Пехчево (67г).

Регистрирани сe 232 оздравени пациенти од:

• Скопје – 69

• Гостивар – 49

• Тетово – 34

• Куманово – 16

• Струмица – 15

• Кичево – 12

• Дебар – 11

• Битола – 7

• Штип – 6

• Виница – 3

• Кочани и Неготино – по 2

• Велес, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Делчево и Кратово – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.124.993 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 171.576, бројката на оздравени пациенти е 153.148, на починати е 5.755, а бројот на активни случаи изнесува 12.673.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести