СН Осигурителен Брокер АД Битола во своето соопштение им се заблагодари на инвеститорите за довербата и очекува да се исполнат проекциите и во рамки на 20 работни денови целосно да се реализираат односно запишат и уплатат 100% од понудените долгорочни должнички хартии од вредност-корпоративни обврзници. Вкупната одобрена емисија има вредност од 80.000.000 денари и поделена на 8000 лотови со номинална вредност од по 10.000 денари по лот. Корпоративната обврзница му носи на имателот на обврзницата фиксна годишна каматна стапка од 6%. Роковите на исплата на номиналната вредност на корпоративната обврзница се по истекот на 5 години од денот на упис на обврзниците во Централниот Депозитар за хартии од вредност.
Компанијата ги информира своите инвеститори дека терминот на тргување на обврзницата преку Македонска Берза АД Скопје е секој работен ден од 11:00 до 11:30 часот.
„Компанијата, за непосреден, стручен и професионален одговор на сите евентуални дополнителни прашања на темата, за сите заинтересирани, на располагање го става и својот Заменик на Директорот за финасии, г-дин Деан Стојановски, преку неговиот телефон: 070/730-437 и интернет адреса: dean.stojanovski@snbroker.mk“, се наведува во нивното соопштение.
]]>


