Вчера во Битола, во организација на земјоделското здружение „Современо земјоделство“ а со медиумска и организациска поддршка на платформата Агротим, се одржа манифестацијата „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“. На најдобрите земјоделци, агробизнисмени и претставници на институциите им беа доделени признанија за успешност во производството и професионалност во работата.
Министерот се заблагодари за добиеното признание.
-Ви, благодарам, навистина неочекувано изненадување. Признанието за професионалност е моја задача. Но признанието „Пријател на земјоделците“ навистина е голема награда, благодарам што сте го препознале тоа. Кога го почнав мандатот, почна со проблеми со лозарите, само што го завршив тоа почнаа со тутунарите. Сега пак се вратија лозарите после една година и сфатив дека единствена можност е да се биде пријател со земјоделците за да се решаваат проблемите – рече Хоџа.