„Потребно зајакнување на комуналните служби, што ќе го постигнеме преку проширување на дејноста на јавното претпријатие ПОЦ. Со овој потег општината ќе стекне поголема самостојност и ќе има капацитет да обезбеди чисти улици, паркови и јавни површини на целата своја територија. Ќе вложиме и во обезбедување нови паркинг места, што е горлив проблем за жителите, земајќи предвид колку е фреквентна општината. Тоа што сакам да потенцирам е дека ги мапиравме проблемите во секое маало и врз основа на овие сознанија ја изработивме програмата. Токму затоа знам дека ние ја имаме најдобрата понуда за Центар за следните четири години“ – истакнува Герасимовски.

Во приоритетите на Герасимовски е исто така подобрување на условите во образованието и инфраструктурата. Од инфраструктурни инвестиции предвидени се целосно нови градинки во населбите Пролет, Маџир Маало и Парк, како и доградба на училнишн простории со во ООУ Коле Неделковски. Герасимовски истакнува дека посебна грижа ќе посвети на младите, преку институционална поддршка за да напредуваат во секој аспект.
„Наше е да им обезбедиме услови на младите и како општина да ги помогнеме во нивниот развој. Токму затоа, силно ќе вложуваме во нив обезбедувајќи финансика поддршка, но и подобри услуги на локално ниво. Имајќи предвид дека Општина Центар е тежишна точка за дејствување на граѓанските организации, општината активно ќе се залага за соработка со овој сектор. За таа цел предвидуваме искористување на можностите кои ги нуди НВО секторот за неформално образование на младите, како и нивно вклучување во процесите на подготовка на политиките на локално ниво“ – заклучува Герасимовски.
]]>


