Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, попладнево пристигна во Скопје. На скопскиот аеродром ја пречека вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.
-Добредојде во Северна Македонија за претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен!, напиша вицепремиерот Никола Димитров на неговиот Фејсбук профил.
– Посетата е силен сигнал за потребата од дејствување и исполнување на европското верување: почеток на преговорите. Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во европската идеја и перспективата за европски начин на живот дома, објави Димитров. ц
]]>
dimitrov, преговори, пристигна, сигнал, Скопје, Фон дер Лајен