
Ова го напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот официјален фејсбук профил, каде нагласува и дека правото на слобода и правото на заштита од сите видови на мачење, нечовечко постапување и тортура е едно од основните човекови права, кое нема ограничување.
– Оттука, би сакал да нотирам дека МВР во изминатиот период направи сериозни и мерливи напори и презеде активности, не само во поглед на почитување на принципите што го сочинуваат корпусот на човекови права и слободи, туку и за нивна конкретна заштита во доменот на полициското постапување. Практично, и во организациски и во оперативен смисол, полицијата демонстрираше подготвеност и волја да се заложи за подинамично и квалитетно имлементирање на сите сугестии, стандарди и процедури во насока на етаблирање на заштитата на човековите права и слободи, објави Спасовски.
Покрај низата проекти во кои полицијата активно учествуваше, заедно со нашите партнерти од ЕУ, од Советот на Европа, од ОБСЕ – МВР, појаснува Спасовски, во 2018 година ја ревидираше, односно надогради и Стандардната оперативна процедура за полициско постапување. Притоа, вели, примарниот фокус беше ставен кон зајакнување на капацитетите за правилна и доследна примена на законските и подзаконските акти во примената на полициските овластувања.
– Како водечко начело, МВР во континуитет презема и ќе продолжи да презема мерки за подобрување на состојбата – со експлицитна порака за никаква толеранција на било која форма на нечовечко однесување и постапување, напиша министерот за внатрешни работи Спасовски на фејсбук.
]]>


