Фото: RTCG
Младен Булатовиќ (40) од Подгорица загина во експлозија на бомба пред Основниот суд во Подгорица, а пет лица се повредени. Како што соопштија надлежните од Полициската управа експлозијата се случила во 11 часот и 45 минути.
„Во 11:35 часот добивме известување дека во зградата на Основниот суд е активирана експлозивна направа и дека има повредени. Утврдиле дека починал М.Б. (40) кој ја активирал експлозивната направа – изјавил Срѓан Кориќ од Полициската управа за локалните медиуми.
Повредените, како што информираше тој се згрижени во Клинички центар. Меѓу нив е и адвокат.
„Не би требало да се работи за посериозни повреди“, изјави Кориќ.
Директорката на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) Љиљана Радуловиќ соопштила дека во здравствената установа дошле седум лица, од кои пет се повредени. Како што рече, сите се во стабилна здравствена состојба.


