Инфлацијата во Босна и Херцеговина 14 %: Најголеми поскапувања има кај храната, превозот, станарините и режиските трошоци

Просечната инфлација во Бoсна и Херцеговина во 2022 година во однос на претходната година изнесувала 14 отсто, објави босанската Агенција за статистика.

Во годишниот билтен на Агенцијата се наведува дека во 2022 година, во споредба со 2021 година, просечениот пораст на цените на храната и безалкохолните пијалоци изнесувал 21,5 отсто, тутунот и алкохолни пијалоци за 1,7 отсто, трошоците за домување и режиските трошоци за 14 отсто, мебелот и апаратите за домаќинство за 8,9 отсто и здравство за 1,5 отсто.

Во просек, превозот поскапел за 25,4 отсто, комуникациите за 0,9 отсто, рекреацијата и културата за 8,1 отсто, образованието за 1,1 отсто, рестораните и хотелите за 9,3 отсто, а останатите стоки и услуги за 5,9 отсто.

Облеката и обувките поевтиниле во просек за шест отсто во 2022 година во споредба со претходната година.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести