Четири лица повредени во сообраќајка на патот Штип – Неготино

Четири лица се повредени од кои едно потешко во собраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Штип – Неготино помеѓу патничко моторно возило “пежо 407“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(45) од Штип и патничко возило кое го напуштило местото на настанот.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена во 20.00 часот, а повредените биле пренесени во штипската болница.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Ш., а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(42), М.М.К.(29) и уште една малолетна сопатничка, сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести