При претрес во Битола пронајдена марихуана

Денеска од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола од слобода е лишен битолчанецот А.Ј.( 23), под сомнеж за илегална препродажба на марихуана.

Како што информираат од МВР, при претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Битола, биле пронајдени и одземени марихуана и две дигитални ваги. 

– Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести