Во акциска контрола на територијата на Битола што полицијата ја спровела денеска од 12 до 18 часот биле казнети 18 возачи на мотоцикл.
– Од нив, 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четворица возеле без возачка дозвола, еден нерегистриран…. За време на контролата санкционирани се и други видови сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР укажува дека контролите ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
MИА


