Пукање во Белград: Малолетник влегол во училиште и почнал да пука, има починати и повредени

Утрово имало пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, јавуваат локалните медиуми.

Како што пренесоа, се работи за четиринаесетгодишен ученик од седмо одделение од училиштето кој со пиштол пукал во учениците.

Нова.рс пишува дека ученикот наводно пукал во поранешната учителка и чуварот кој бил убиен, неофицијално повредени се и пет деца.

Напаѓачот е уапсен.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести