Миљана Кецмановиќ и нејзиното помало дете, десетгодишната ќерка, се на безбедно.
По страшниот чин што го направи Коста, неговиот татко Владимир Кецмановиќ е во притвор, а мајката Миљана Кецмановиќ и нејзиното помало дете, десетгодишната ќерка, се сместени кај роднини надвор од Белград.
-” Иако важи за силна жена, Миљана не може да се поврати од шокот по злосторството на нејзиниот син Коста. Колку е потресена не се опишува со зборови” – вели пријател на семејството.
Според него, таа повеќе не размислува да се врати во заедничкиот стан и дека размислува истиот да го продаде, зашто се грижи за безбедноста на нејзината ќерка и на себе.
Претходно српските медиуми информираа дека Коста потекнува од семејство на интелектуалци, татко му е доктор, специјалист по радиологија а неговата мајка е асистент на Биолошкиот факултет во Белград, како научен работник.
Веднаш по трагичниот настан медиумите известија дека Коста бил многу добар ученик, а учествувал и на бројни училишни натпревари.
Моментално е на специјално одделение на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци.


