Инцидент на натпреварот Вардар-Еурофарм Пелистер: Полицаец со пендрек го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески

Вардар 1961 го одбрани трофејот со победата над РК Еурофарм Пелистер ве финалето на ракометниот Куп на Македонија.

Натпреварот е обележан со голем инцидент што се случи по завршувањето на натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Филип Талески кој во намерата да ја смири тензијата бил удрен со пендрек во главата од еден од полицајците.

Видеото преку социјалните мрежи го споделија Талески и неговите соиграчи од Вардар, но шокантното видео веќе го пренесоа и поголемиот дел ракометни медиуми од Европа.

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести