Борисов: Опција е и уставна влада

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека Марија Габриел ги има сите права да преговара и да носи одлуки, бидејќи ако следната недела ако не се формира влада тогаш нема да има ниту буџет.

– Опција е и уставна влада, бидејќи за промена на Уставот се потребни најмалку 160 гласови, истакна Борисов.

Според него ако не се избере влада, државата во јуни нема да може да исплати плати и пензии.

– Не е само буџетот заложник, туку и Планот за закрепнување, Шенген, еврозоната и фондовите. Имаме толку многу проблеми кои во моментов се заложници на политичките игри. Од првиот ден зборувам за одговорност на сите партии, посочи Борисов.

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести