„Тврди орах“ или фалц тези

Укажувањата и изразената загриженост околу неконструктивноста на актуелната опозиција во врска со процесот на пристапувањето на земјава кон ЕУ, повторно се актуелизираа изминативе денови. Прво Ескобар (спец.претставник на State Dept. за Западен Балкан) во својата директна забелешка кажа: “не бараме опозицијата да го поддржи премиерот туку да го поддржи евроатланскиот пат на Северна Македонија”, а со цел да имаме кредибилна завршница на меѓувладината конфереција. Второ, Агелер (амбасадорката на САД) ги соочи опозиционерите со иста поента: “или го поддржуваш патот до ЕУ или се изнесува став против”, и додаде една дополнителна вредносна тежина кога изрази и разбирање за Mакедонците дека веќе донеле доволно тешки одлуки и дека властите во Софија неправедно се поставиле кон земјава. Сарацин (специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан), се надоврза повторувајќи дека “нема време за губење и дека е важно да се продолжи со процедурата за пристапување” и дека “нема да добеме подобра зделка” (исто како што веќе ни рече Борел).

И сите со јасен акцент дека иднината на земјата ќе биде НЕИЗВЕСНА доколку не побрзаме да го решиме тоа што ни виси како обврска.

Мили мои, веќе непријатно ми е да се повторувам, но овие пораки, укажувања и молења, никако да одекнат во ушите на г-дин Мицкоски звани “тврди орах”. Срамно е како тие никако не резонираат до некои вжештени глави. Кој знае пак, како им е на овие наши меѓународни пријатели кои секој месец доаѓаат да го молат г-дин Мицкоски за едно те исто: да овозможи прогрес и сигурност на земјава, на Регионов, на Европа.

На овие наши пријатели кои инвестираат во развојот на нашата земја и на нашата демократија и безбедност, мислам дека треба да им се додели “ОРДЕН ЗА ТРПЕНИЕ”. Сиромашките мора да се справуваат со детските тантруми на инфантилизираната политика во опозициските редови. Страшно е што опозицијата со своето однесување потсетува на изолационистичкиот модус операнди на Груевски. Но, вреди и да се потсетиме дека, и тој исто така изиграваше “тврди орах”, но на крајот пукна како балон дупнат со игла.

Во таа тантрумска и медиумски поткрепена напаст, а оркестрирана од опозицијата меѓу другото упорно се верглаат и фалц тези. Таква е, на пример, тезата дека упатниот и соодветен контра – одговор на Ковачевски на провокациите од Јотова и Радев биле контрадикторни со барањата од преговарачката рамка за уставни измени. Жити Бога? Кај Ви текна ваква измислица?

Пишува: Ана Чупеска

Повеќе на линкот: Либертас.мк

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести