Се огласи семејството на момчето кое го изврши масакрот во белградското училиште: Toj ден завладеа вечна тишина

Семејството на момчето Коста Кечмановиќ кое уби 10 лица во училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, упати сочувство до семејствата на загинатите.

„На тој 3 мај завладеа вечна тишина по која секојдневно плачеме, неми од неизлечива болка и тага, за секое невино дете што загина и за Драган, кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, која е и наша загуба. Засекогаш во тага“, соопшти семејството на момчето преку нивниот адвокат.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести