Во скопски Бутел кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“ со експлозив бил разнесен банкомат на „НЛБ“ банка. При експлозијата оштетени се три возила.
Полицијата била на терен и извршила увид на местото на настанот.
-На 06.06.2023 во 03.38 часот е пријавено дека на подрачје на Чаир четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале, соопшти, МВР.


