Вооружен напаѓач со пиштол ограбил банка среде центарот на Скопје

Вооружен напаѓач со пиштол денеска ограбил банка среде центарот на Скопје.

„Денеска (07.06.2023) околу 09.30ч пријавено е дека во експозитура на банка во трговски центар едно лице со закана со пиштол одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Според информациите се работи за банка во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во скопски Капиштец.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести