Приведен криминалец поради бегство од затвор, вратен во КПУ Идризово


Околу 22.40 часот вчерс на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од с.Мојанци, скопск, соопшти МВР. Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово заради бегство од затворот во 2015 година.


“Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната”, наведе МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести