Приведени двајца крадци во Битола, расчистени две тешки кражби

Во Битола вчера полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Ѓ.М(34) и Џ.А.(31), двајцата од Битола.

Како што информираа од СВР Битола, тие се сомничат дека вчера и завчера извршиле две тешки кражби во куќа во Битола и во објект во изградба во битолско Крклино, при што одзеле повеќе предмети.  

Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По целосно докумнетирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветени пријави. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести