Во Скопје 172 санкционирани возачи од кои 56 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за управување возило под дејство на алкохол и пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила. 

Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, две мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло… 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

MИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести