Идентитетот на жената која ѝ се претставила како редовен клиент на службеничката во филијалата на банката Ловќен лоцирана на приземје на катна зграда на улица во Херцег Нови, е откриен, пишуваат локалните медиуми. Имено таа со лажна лична карта, преставувајќи се како друго лице, успеала да подигне 1,3 милиони евра од банката и да си излезе како тоа да не е ништо посебно.
Кражбата се одвивала два дена. Привиот ден банката не можела да ѝ ги исплати парите бидејќи ги немале на располагање, затоа ѝ препорачале да дојде следниот ден и да ѝ ги исплатат.
„Не можеме да Ви ги исплатиме парите, немаме толку во филијалата!“, ѝ одговорил банкарскиот службеник кој се трудел да биде максимално љубезен бидејќи, според неговите информации се работело за клиентка од Будва, успешна деловна жена со западноевропска адреса, која на девизната сметка имала 230.000 евра и 1,2 милиони американски долари.
Тој не прашал премногу за причините поради кои таа сакала наеднаш да ја повлече целата сума на пари што ја стекнала од тргување со акции.
Сето ова се случувало на 11-12 април годинава, а пред четири дена Ивана А. е уапсена под сомнение дека заедно со нејзиното момче ги украле парите.
Министерството за внатрешни работи на Република Српска издаде соопштение во кое се наведува дека во акцијата наречена „Ловќен“ се уапсени три лица, а при претресот била пронајдена дрога, пари и оружје.
– Постојат сомнежи дека Ивана А. работела за криминална група и дека сега била назначена како директен извршител на делото, што и го сторила. Во криминалната организација наводно е и нејзиниот дечко кој е уапсен со неа – вели добро упатениот извор на спрски Курир и додава.
– По грабежот, осомничената побегнала во непознат правец, а додека сите мислеле дека со украдените над милион евра е некаде на егзотична дестинација, Ивана А. седела дома во родното Требиње и будно ги следела вестите за кривично дело што го направила.
Девојката од Требиње цело време се однесувала нормално, дури и кога излегла нејзината фотографија по медиумите.
Инаку, според обвинението, Ивана А., која е означена како директен извршител на измамата, е осомничена дека во утринските часови на 12 април дошла во филијалата на „Ловќен банка“ во Херцег Нови и користејќи лажни документи од сметката на М.О. подигнала околу 1,36 милиони евра. За милионскиот грабеж се осомничени и Саша К. и Марко Д.
Интересно е што осомничената дошла во банката, ги подигнала парите и си заминала со такси.


