Малолетничка прегазена во Скопје, починала на пат кон болница

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Скопје била прегазена малолетничка која починала на пат кон болница.

„На 30.06.2023 во 13.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Метохиска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(45) од Скопје удрило во малолетничка“, соопшти МВР.

Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болница починала.

„Од страна на лекар од болницата „Систина“ констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести