Министерството за внатрешни работи потвди дека е пукано во таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски. Тој е пренесен во болница, а полицијата е на терен презема мерки за расчистување на случајот
„Денеска во 08.38 во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Аеродром едно лице пукало и го повредило Љ. К. (57) пред неговиот дом. Повредениот бил пренесен во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Љупчо Костадиновски, таткото на Самоил во обраќања до јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син, кој е пријавен за исчезнат на 3 март.
Две лица се осомничени за кривичното дело грабнување.
Семејството се роднини на сопругата на политичарот и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.


