Депонијата кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Карпош повторно гори. Веќе е интервенирано со неколку противпожарни возила.
На оваа депонија постојано има пожари, а досега нема ниту една пријава за палење на депонијата. Општина Карпош не фатила ниту казниле некој што овде незаконски го фрла ѓубрето.


