Битиќи: Колективниот договор, вклучувајќи го регресот, е решение за достоинствени плати

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за Блумберг, зборувајќи за новиот Општ колективен договор вели дека е проектиран  растот на платите во јавен сектор со ребалансот кој ќе се направи во септември, а буџетскиот дефицит нема да се зголеми.

-Тоа не значи дека ќе има дополнителни трошоци или товар на стопанството. Ова е постигнување на решение за платите во јавен сектор и ставање ред на платите во јавен сектор. Во изминатиот период во јавниот сектор во Република Северна Македонија се дефинирани преку 200 законски или подзаконски акти и сметам дека тоа не е одрживло затоа што има различни позиции низ различни институции кои што некогаш можеле да бидат навистина со големи разлики платите, смета Битиќи.

Според него, предложеното решение кое е зголемувањето на платите во септември од 10% е во насока на решение за достоинствени плати.
-Дополнително регресот, се само работи кои покажуваат дека ние сме детерминирани за да најдеме решение за достоинствени плати за сите кои работат во јавниот сектор. И да ја зголемиме продуктивноста на работните позиции во јавниот сектор, кажа Битиќи.

Најчитани вести