Лукаревска: Буџетот ни е во одлична кондиција, флексибилни сме со обврзниците во кризно време

„Контактираме со даночните обврзници на дневна основа и сметам дека буџетот е во одлична кондиција. Ние имаме околу 120 милијарди да наплатиме за оваа 2023 година, веројатно ќе има одредени изменување во делот на бројките и процентите со ребалансот на Буџетот“ кажа директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Клик плус“ на ТВ21.

Таа додаде дека онаму каде што не се плаќа во рок се презема присилна наплата, согласно даночниот календар, меѓутоа УЈП се флексибилни во кризното време и покажува партнерски однос со компаниите и граѓаните.

„Полнењето на буџетот можам да кажам дека оди задоволително. Треба да се има предвид дека сменивме одредени оданочувања кај различни услуги и производи и тоа секако дека се рефлектира во рамки на ДДВ. Имаме превисок план за 2023 година, гледајќи ги ефектите и очекувањата од тогашната енергетска криза, така што 3 буџети се со предзнак криза и мислам дека тука имаме и подобрување меѓутоа и редовно ги следиме сите оние дисторзии доколку настанати“, рече Лукаревска.

Најчитани вести