Тешка сообраќајна несреќа на патот од Прилеп кон Градско кај Росоман, сообраќајот во прекин 

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на патот од Прилеп кон Градско кај Росоман. Затворен е патот за движење преку Росоман, потврди за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. Повеќе детали, се најавуваат за подоцна.

На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со две возила и шест пожарникари. 

Според првичните информации, во сообраќајната незгода учествувале четири возила. 

Сообраќајната незгода е после кафеаната кај росоманското село Камен дол и мора да се врти преку Кавадарци.

Според Авто мото сојузот на Македонија, патот е во прекин од 06:40 часот. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести