Постапувајќи по пријава дoбиена денеска околу 19 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, Езерската полиција спаси пет лица од водите на Охридското езеро, соопшти МВР.

Како што наведоа во соопштинето сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист едлилицата залутава во водите.

Полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” веднаш излегле на терен и околу 19.25 часот ја пронашле едрилицата на околу 7000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија.
Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди.


