Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Куманово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, денеска извршиле претрес кумановско Слупчане, општина Липково, при што пронајдени се повеќе парчиња оружј и, муниција, соопшти МВР.
Претресот во домот и други простории на З.И (49) е извршен по добиена судска наредба од Основен суд Куманово.





Како што соопшти МВР, при претресот пронајдени се шест пиштоли различни марки, седум рамки за куршуми, пневматска пушка „екол“ со оптика за пушката, околу 2500 куршуми различни калибри од 9мм, 7.62мм и 6.35 мм, 64 пиротехнички ракети…
З.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово.


