Викендов казнети 216 возачи во Куманово, 152 за брзо возење

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 216 возачи.

Како што информираат денеска од МВР, казнети се 152 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 43 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 16 за управување возило без возачка дозвола и пет за нерегистрирано возило.

МВР укажува дека ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

MИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести