Кривична пријава против пет лица од Тетовско за измама при купопродажба на куќа

СВР Тетово поднел кривична пријава против В.А.(37), Х.А.(44), Г.М.(58), сите од Тетово, С.А.(47) од село Пршовце, државјанин на С.Р. Германија и А.А. (27) од Тетово, осомничени за сторено кривично дело „измама”, а второпријавениот, третопријавениот, четвртопријавениот и петтопријавениот и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство”.

Во текот на декември 2022 година, соопштија денеска од МВР, првопријавениот воспоставил комуникација со ќерката и синот на 51-годишна жена од Тетово и успеал да ги наговори да ја убедат мајка си да ја продаде куќата и да купи стан во Тетово.

– Првопријавениот успеал да ги измами и да ги доведе во заблуда жената и нејзините деца и, со прикривање на факти, ги навел да потпишат купопродажен договор за недвижен имот, по што им понудил стан во Тетово. Меѓутоа, оштетената не го добила станот, а не ѝ биле исплатени ниту средствата од продажбата на куќата. Второ, трето, четврто и петтопријавениот посредувале во изготвување на купопродажниот договор и на продажбата на куќата на оштетената, појаснуваат од МВР.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести