Во скопската населба Ѓорче Петров ноќеска се случил вооружен инцидент, откако, како што соопшти МВР две лица со огнено оружје нападнале друго лице и притоа му нанеле прострелна рана.
„На 27.09.2023 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана. Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило „цитроен““, соопшти МВР.
Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Како што објави 24инфо.мк, лицето првично било нападнато пред влез на зграда и започнало да бега по околните паркинзи. Откако го раниле, двете лица побегнале.


