Четири лица од Куманово се осомничени за кражби во возила, соопшти МВР.
“На 05.10.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Р.(20), М.И.(31), Р.Р.(27) и Д.Р.(31), сите од Куманово. Тие се сомничат дека на 02.10.2023 на улица „Никшиќка“ во Куманово одзеле повеќе предмети од неколку паркирани возила. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави”, се наведува во соопштението.


