Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, изјави дека е покренато обвинение против мајката и таткото на Коста Кецмановиќ, момчето кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Тој појасни дека таткото, Владимир Кецмановиќ е обвинет за тешко кривично дело против општата безбедност, како и затоа што цела година го обучувал својот 13-годишен син да ракува со оружје. Тој исто така веќе е обвинет за нелегално чување оружје и муниција.
Обвинителството бара 12 години затвор за Владимир Кецмановиќ, а за мајката на детето чија ДНК е пронајдена на муницијата две и пол години затвор.
– Сакам да им се заблагодарам на сите државни органи кои беа вклучени во истрагата, како и на мојот тим кој посветено работеше деноноќно на овој случај, за да имаме обвинение кое е напишано на 267 страници – рече Стефановиќ.


