Изгоре магацинот на ЈКП „Дервен“ во Велес

Синоќа во 19:22 часот изби пожар во магацинот на JKP „Дервен“ лоциран наспрема Управната зграда кај Градскиот парк во Велес. Со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес со седум пожарникари и три противпожарни возила пожарот бил целосно изгаснат во 22 часот, информираат денеска за МИА од ЦУК Велес.

Како што појаснуваат оттаму, во пожарот е опожарен магацински простор поврзан со гардероба на површина од 200 метри квадратни заедно со целиот инвертар на магацинот, алати и опрема. Во пожарот изгоре и 90 отсто од кровната конструкција на објектот.

-Екипа на СВР Велес денеска ќе врши увид во опожарениот објект на ЈКП „Дервен“ за да ги утврди причините за настанатиот пожар, информираат  од ЦУК Велес

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести