Во село Инџиково приведен крадец баран со потерница

 Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во село Инџиково,  го лишиле од слобода Е.М.(31) со живеалиште во Скопје.

Тој, како што соопштија од МВР,  бил баран со потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна  од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236. од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната. 

МИА

Најчитани вести