Лукаку постави рекорд во евроквалификациите со 14 голаЛукакуЛукаку постави рекорд во евроквалификациите со 14 гола

 Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку вчеравечер постави нов рекорд во квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство 2024 против Азербејџан (5:0).

Триесетгодишниот Белгиец реализираше „покер“ и стигна до 14 гола во квалификациите за Еуро 2024, поставувајќи нов квалификациски рекорд. Т

Лукаку го подобри рекордот поставен од Ирецот Дејвид Хили во квалификациите за ЕП 2008 и Полјакот Роберт Левандовски во квалификациите за ЕП 2016, кои имаа по 13 гола.

Оваа сезона Лукаку одигра 14 натпревари за Рома и постигна девет голови. 

МИА

Најчитани вести