Анчелоти жестоко го критикува големиот број натпревари

Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го критикуваше денеска како „неодржлив“ згуснатиот календар и повика на намалување на бројот на натпревари за да се избегнат повреди на играчите.

Анчелоти не може да смета на услугите на Винисиус и Камавинга, кои се повредија за време на репрезентативната пауза, а на денешната прес – конференција ги повика надлежните да го преиспитаат постојниот календар на натпревари.

„Единственото решение е да се намали бројот на натпревари. Ла Лига, УЕФА и ФИФА тоа го можат, но го прават спротивното. Гледаме натпревари кои завршуваат со резултат 8-0 или 14-0, не знам дали тоа има смисла“, рече Анчелоти.

Реал утре во рамки на 14 коло во Ла Лига му гостува на Кадиз.

МИА

Најчитани вести