Правниот тим на коалицијата Србија против насилството (СПН) објави дека утврдил дека на изборите во Белград на 17 декември има „најмалку 30 отсто фантомски гласачи“.
Како што беше соопштено на 22 декември, Правниот тим го заклучил ова со увид во дел од гласачкиот материјал во Градската изборна комисија (ГИК) на Белград.
Членот на Републичката изборна комисија (РИК) Танасије Маринковиќ на прес-конференција во Белград прецизираше дека синоќа комисијата утврдила состојба на непостоечки гласачи.
„Дури 30 отсто од гласачите де факто го искористија своето право на глас на овие избори и со гледање на избирачкиот список нашиот тим утврди дека се работи за фантомски гласачи“, рече Маринковиќ.
Тој изјави дека тоа се лицата кои се на поканите за гласање, а кои граѓаните ги пријавиле дека овие лица не живеат на тие адреси и дека не се нивни сограѓани.
„Ова отвора сериозни сомнежи за уредноста на избирачкиот список. Покренува сомнеж и за законитоста и легитимноста на целиот изборен процес“, рече Танасије Маринковиќ.
извор: slobodnaevropa.mk


