Нов протест во Белград поради обвинувањата за изборна кражба

Единаесетти по ред протест на дел од српската опозицијата се одржа во Белград вечерва, на 28 декември, поради наводите за бројни нерегуларности и кражби на гласови на изборите во Србија на 17 декември.

Граѓаните како и досега се собраа пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК) на покана на листата на избирачи „Србија против насилството“.

Насобраните граѓани тргнаа во протестна прошетка до зградата на Радио и телевизија на Србија (РТС), по која беше трасата и претходниот ден.

Мирослав Алексиќ, еден од претставниците на листата „Србија против насилството“, на протестот рече дека РТС не ја врши работата што треба да ја работи како јавен сервис. Тој рече дека РТС не земала изјава од луѓето кои штрајкуваат со глад 11 дена и истакна дека тоа „никогаш не се случило“.

извор: slobodnaevropa.mk