Николовски: Со ребалансот на буџетот нема пари за авансната исплата на субвенциите, се крати на интервентниот фонд и други успешни мерки

Поранешниот министер за земјоделство, а сега пратеник Љупчо Николовски изјави дека со усвојувањето на ребалансот на буџетот се кратат пари за успешни мерки на минатата Влада:

Во отсуство на аргументи и факти и со непродуктивни за граѓаните дебати и исти говори од мнозинството, беше усвоен ребалансот.

Но кратко еве ги фактите за земјоделците во и со овој ребаланс:

– за жал според ова нема да добијат авансна исплата на 30 % од субвенциите на крај на 2024 год. затоа што ова не е приоротет за новата Влада како што беше за претходната,

– се крати на најуспешната програма за земјоделството во која инвестиравме најмногу и успеавме да бидеме лидери во регионот – ИПАРД,

– се крати на интервентниот фонд за земјоделците како успешна политика и

– се крати на сите нови и програми што донесоа резултати како програмата за социјална сигурност на жените, за здрав оброк во училиштата, за полски патишта, за микропроизводители на вино, за мали производители од животинско и неживотинско.

Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Пратеник.

извор: agrotim.mk

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести