„Нелкоски Органик Фуд“ започна со потпишување на долгогодишни договори за откуп на органски лешник

Нелкоски Органик Фуд Zaum Organic започна со потпишување на долгогодишни договори за откуп на лешник.

Сите заинтересирани лешникари може да ги исконтактирате на нивната страна на ФБ или на телефон 078233073.

Платформата Агротим ќе биде дел од ова Договорно производство преку поддршка и промоција на проектот, информации околу набавка на садници, правилно извршување на агротехничките мерки, помош на производителите при аплицирање на повикот за Мерка 1 од ИПАРД и други мерки од Владата.

Во текот на утрешниот ден следуваат повеќе информации околу условите и можностите кои ги нуди овој значаен проект.

Нелкоски Органик Фуд е македонска компaнија лоцирана во с. Дрслајца Струшко, која произведува органски лешник со врвен квалитет. Од истиот прави путери и намази, кои завршуваат на македонскиот и на европските пазари. Брендот на ЗАУМ путерите и лешниците се нивна креација со која сакаат да го задржат највисокиот квалитет, но и традиционалниот вкус на домашно печен лешник. 

Започнале со мал насад, а денес имаат 110 000 м2 или 11 хектари со лешникови насади. Насадите се со органски сертификат но и со сертификат за БИО Свис производстство.

– Ние сме во соработка со доста земјоделци со цел истите да ги подготвиме да произведуваа согласно ЕУ стандардите и Био Свисс стандардот, кој се една од најголемите карти за сигурен откуп на оваа земјоделска култура.  Долги години работам на полето со ЕУ проектите и за мене е познат концептот на проект и проектен менаџмент од практична гледна точка. Запознаен сум со стратешките документи и насоки на ЕУ во областа на развојот на зелени економии и иновативни компании од различни области – вели Нелкоски во интервју за Иновативност.

-Веќе ни е проектирана поддршка на земјоделци преку нивна сертификација за органско производство. Тоа е со цел да се зголеми базата на добавувачи и поддршка на локалните производители.  Ние цело време следиме каде се движи светот и сакаме да бидеме во тек со тој напредок. За таа цел, направивме промена на дел од нашите насади со најновиот вид на лешник Тонда Франческана, кој е најдобра сорта на лешник во светот во овој момент, според родност, квалитет и отпорност на временски непогоди. Тоа е еден вид мајбах во светот на лешниците.  Македонскиот лешник е квалитетен и постои голем потенцијал да стане извозна култура. Од досегашното искуство со извоз на лешник во Швајцарија, може да се забележи дека земјата е класифицирана во А класа добавувачи. Нашиот лешник е доста квалитетен. Во доста ставки е поквалитетен и од турскиот лешник, вели Нелкоски.

На швајцарскиот пазар, како што посочи, се откупуваат околу четиристотини до петстотини тони органски лешник. 

-Во овој момент сме подготвени да извозиме органски лешник по нивниот квалитет, околу десетина до дваесет тони. Бараме да можеме да извозиме барем половина од тој потенцијал и да станеме партнер на оваа швајцарска компанија, а Македонија да стане препознаена како производител на лешник на територија на Европа, што е многу значајно, нагласи Нелкоски.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести