Префрлени се средствата на  АД Водостопанство за заостанатите плати. Владата и Министерство за земјоделство ги решаваат проблемите кои ги создаде претходната Влада

„Денеска потпишав договор за исплата на финансиски средства за трансфер на заостанати плати на 509 вработени во АД Водостопанство. Вкупно сто милиони денари се обезбедени за АД Водостопанство. Работиме домаќински за да ја вратиме надежта кај народот за подобра иднина,“ истакна  Министерот  за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при потпишувањето на договорот за исплата.

Министерот го  потенцираше сериозниот пристап кој што го има Министерството и Владата,  во наредниот период  во фокусот ќе бидат  задоволни земјоделците како и  вработените во државните институции.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести