Чест ми беше денеска да бидам гостинка кај фамилијата Здравески во село Мусинци, нашите вредни земјоделци од проектот „Договорно производство на бессемена лубеница“.

Годината беше успешна, родот богат, а квалитетот на лубениците одличен.
Проектот е на самиот финиш и набрзо на Агротим.мк ќе го презентираме искуството на земјоделците и фирмата откупувач – „Fresh line“.

За договорното производство на бессемена лубеница имаше голем интерес од страна на земјоделските производители благодарение на информираноста од страна на Агротим и поддршката од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ во целокупниот процес.


Фејсбук статус на Ленче Николовска


