Атентат на поранешниот претседател на Боливија: Џипoт погоден со 14 куршуми

Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес изјави дека денеска додека одел на интервју во радио станица бил нападнат. Напаѓачите испукале рафални куршуми кон неговиот автомобил додека патувал низ централниот град Кочабамба, при што неговиот возач е ранет, а во џипот завршиле 14 куршуми.

„Автомобилот со кој пристигнав има 14 дупки од куршуми. Ова било планирано, целта е да ме убијат“, изјави тој во интервјуто на радиото „Kawsachun Coca“. Тие објавија и видеозапис во кој, како што тврдат, се гледа оштетениот автомобил од куршуми.

„На шофершајбната има три дупки од куршуми, а возачот е со крвава глава“, изјави Моралес.

За нападот тој го обвини сегашниот прв човек на Боливија, Луис Арсе, поранешен сојузник и министер од неговата влада, со кој оттогаш се во конфликт.

– Лучо ја уништи Боливија и сега сака да го елиминира нашиот процес убивајќи ме вака – рече Моралес.

Инаку, Моралес има 65 години, а беше претседател на Боливија од 2006 до 2019 година.


Најчитани вести